Забарски преглед преку интернет Печати Е-меил
[24-01-2008 | 23:52 часот]
 Лондонскиот реномиран забар Jerry Watson е веројатно првиот во светот кој воведе преглед преку интернет. Dr Watson започна да ги прегледува своите пациенти...

...преку интернет, и им кажува дали има потреба да дојдат во ординација.

Тој верува дека денешната технологија може да овозможи генерален визуелен преглед без тие да губат време да доаѓаат кај него.

За британските медиуми тој изјави: "Нема причина луѓето за преглед да го напуштаат домот, доколку поседуваат високо квалитетна веб камера".

Можеби докторот е напреден со своите идеи, но за неколку години нема да биде чудо ако оваа замисла стане пракса во развиените земји.