За осамените, предметите се луѓе Печати Е-меил
[27-01-2008 | 23:36 часот]
 Новото истражување покажа дека луѓето, за да ја ублажат својата осаменост, почнуваат да ги доживуваат живите и неживите предмети како луѓе кои би можеле да...

... им бидат друштво во самотијата.

"На оние на кои им недостига поврзаност со другите луѓе, многу често своите домашни миленици, предметите, па дури и Господ ги сметаат за човечки битија" - изјави Nicholas Epley, професор за бихевиорални науки на универзитетот во Чикаго.

Наједноставен пример се оние кои ги облекуваат своите миленици, им купуваат накит, или специјални модни додатоци.

За да се утврди што осамените луѓе прават за да го надоместат недостатокот на социјален контакт, биле спроведени три експерименти. Во едниот од испитаниците се барало да пишуваат за своите најосамени моменти.

Резултатите покажале дека во ваквите ситуации, во најекстремните случаи на осаменост, поединците веруваат во натприродни сили, без оглед дали се работи за Бог, ангели или чуда.

Истражувањето покажало, дека ваков ефект не предизвикуваат било какви емоции.

"Има нешто посебно во чувствата на самотија. Стравот, на пример, не ја зголемува вербата во натприродните сили" - појаснил Epley.