Најпопуларен изглед за 2008-ма Печати Е-меил
[28-01-2008 | 00:33 часот]
 Според Институтот за естетска хирургија, по резултатите од анкетата "Hollywood's Hottest Looks", совршената жена треба да има усни како Анџелина Џоли и тело како..

... Џесика Биел...

Докторите Ричард Флеминг и Тоби Мејер изјавија дека нивните клиенти не бараат да изгледаат точно како некоја ѕвезда, туку одредени атрибути од повеќе ѕвезди.

Најбаран нос е оној на Кетрин Хеигл, што глуми во серијата "Вовед во анатомија", образите на актерката Кеира Кнајтли и кожата на Парис Хилтон.

Машката популација на Холивуд кај пластичниот хирург ги избира усните на Мет Дејмон, очите на Дениел Крејг (последниот Џејмс Бонд), образите на Џорџ Клуни и носот на Леонардо Ди Каприо.

Најпосакувано тело е на фудбалерот Дејвид Бекам.

Комплетната листа на "Hollywood's Hottest Looks 2008", овде !