Мозокот е орган кој треба постојано да го тренирате. Со цел да ја зголемите вашата концентрација и да станете моќен "мислител", потребно е на мозокот...
... секојдневно да му поставувате ментални предизвици. Помалку гледaјте телевизија Со гледањето на телевизија, човекот престанува да вложува напор и да размислува за работите. Пред телевизорот најчесто примаме многу непотребни информации и воопшто не создаваме сопствено мислење за виденото. Преку гледањето телевизија, мозокот до одреден степен ни генерира забава, а всушност самиот мозок е во мирување. Бидете физички активни Доколку сметате дека физичката активност е губење на време кое што можете да го потрошите на покорисни работи како читање или учење, не сте во право. Физичката активност ќе го зголеми вашиот капацитет за примање на нови информации. Со ослободувањето на телото од негативната енергија, создавате простор за учење и поефективна работа на мозокот. Читајте книги Со читањето на различна литература пред себе ќе отворите нови видици, ќе го проширите својот речник и ќе бидете поттикнати да размислувате. Легнете си рано, станете рано Ништо неможе повеќе да влијае на недостатокот од концентрација како што влијае недостатокот на сон. Затоа е особено важно на своето тело и дух да им дадете доволно време да се одморат. Сонот е вистинскиот начин да му овозможите на вашиот мозок да апсорбира нова енергија. Користете го вашиот потенцијал Било да се работи за читање книга, гледање телевизија, или едноставен разговор со пријателите, немојте да дозволувате туѓото мислење или нечија животна филозофија да ве однесат во погрешна насока. Размислувајте за сопствениот живот и за работите кои ве опкружуваат, и создадете сопствено мислење врз основа на она што сте го научиле и што сметатате дека е исправно. Немојте да дозволите другите да ги креираат вашите замисли. |