|
Ариведерчи BOTOX, доаѓа NO-TOX |
|
|
|
[30-01-2008 | 00:58 часот] |
Нова алтернатива против брчките е на повидок. Се вика NO-TOX, и има повеќе предности пред отровниот Botox. Третманот односно ефектот од него трае дури...
... 2 години, наспроти 3-4 месеци кај Botox-от. Важна предност е дека третманот не вклучува инјектирање на токсични материјали во лицето, ниту пак некој вид хируршки зафат. Додека Botox-от ги "смрзнува" нервите, GFX радио терапијата за стимулација користи еден вид радио бранови. Новитетот NO-TOX, или 'Glabellar Furrow Relaxation' (GFX), во USA e одобрен за козметичка употреба пред 6 месеци. Третманот е доста скап, околу 1000-1500 фунти од третман. Меѓутоа ако го земете предвид времетраењето на ефектот, тогаш оваа опција заштедува многу пари и време во однос на Botox-от. Оваа метода за затегање на лицето доживеа огромна популарност во холивудските козметички салони, а како што изјави естетскиот хирург Dr. Cameron Rokhsar, тие се презадоволни од ефектите. |