Смеењето е најдобриот лек Печати Е-меил
[31-01-2008 | 01:17 часот]
 Вистинитоста на изреката дека "смеењето е најдобриот лек", американските научници успејаа да ја потврдат преку фактот дека хуморот има...

 

... позитивно влијание на сите сфери од нашиот живот.

На универзитетот "Buffalo" во New York се спроведе истражување, а испитаниците биле одбирани спорд комплексноста на нивната работа.

Докторите и другите медицински лица објасниле дека хуморот всушност им помага да се справат со стресните ситуации.

Студентите, учениците и вработените со различни професии, исто така нагласиле дека се чувствуваат подобро и се позадоволни, доколку некој од соработнците е склон кон хумор и смеење.

Смеењето е природна реакција на хуморот. Смеењето е облик на однесување кој за време на своето траење предизвикува одредени промени во телото.

Со неколку минути смеење, во организмот се согоруваат еднаква количина на калории колку 15 минути пешачење или возење велосипед.

За време на смеењето активни се скоро сите мускули на лицето, дијафрагмата, мускулите на абдоменот, а понекогаш е активна и мускулатурата на грбот, рацете и нозете.

Смеењето предизвикува и лачење на различни хормони кои ја "поттикнуваат желбата за живот", среќа, но и способноста на телото да се бори против болести.

Смеата е еден од најдобрите начини да го намалите стресот, крвниот притисок, го подобрува имунолошкиот систем, и на многу други начини влијае за подобрување на психофизичкото здравје.

Појавата на смеење е воочена и кај животните како што се горилата, шимпанзата и орангутаните, и тоа најчесто кај заедничките (друштвени) активности на животните.