2in1 - брза кола и брз чамец во едно! Печати Е-меил
[31-01-2008 | 23:03 часот]
 Во стилот на James Bond, со притискање на едно копче овој спортски автомобил се претвора брз чамец. Двонаменското возило "Splash" чиј креатор е швајцарскиот гениј..

... Frank M. Rinderknecht,  е произведен од компанијата Rinspeed.

Поседува интегриран 'hydrofoil' механизам кој овозможува автомобилот да лебди над водата.

"Оваа креација е многу повеќе од задоволувачки спортски автомобил. Овој автомобил претставува интересна и забавна спортска играчка" - изјави Rinderknecht.

Автомобилот на копно постигнува завидни перформанси. Достигнува брзина од 200кмч, а забрзува од 0-100кмч за неверојатни 5.9 секунди.

И на вода перформансите се на завидно ниво.

Автомобилот постигнува брзина од 45 чвора, односно над 83кмч!

Тајната на овој автомобил се наоѓа во hydrofoil системот, наутичка технологија која овозможува подигнување на телото на бродовите над површината на водата, со што се зголемува брзината.

"Splash" е креиран така што користи природен гас, и е поволен за животната средина.

Овој автомобил се очекува да биде вистински хит низ целиот свет.