Средновечните љубовници го игнорираат ризикот од сексуално преносливи болести, покажа најновата студија. Огромен процент од сексуално активните лица над...
.. 50 години изјавиле дека не користат никаков облик на контрацепција. Исто така голем дел од нив изјавиле дека незнаат ништо за сексуалното минато на својот партнер, а исто така сметаат дека сидата и кламидијата се "младалачки" болести. Две третини од сексуално активните лица над педесет години тврдат дека уживаат во сексот повеќе отколку кога биле млади. Сексуалниот живот на средновечните лица е многу послободен. Тоа е поради фактот што поголемиот број на луѓето во ова доба го спознаваат своето тело и во него се чувствуваат пријатно, поради што чувствуваат помал притисок. Студијата покажала дека тоа се години кога луѓето се најсклони кон "менување на спалните соби". Дури 50% од испитаниците изјавиле дека имаат сексуални односи најмалку еднаш неделно, и дека во сексот уживаат се повеќе и повеќе. Преку оваа студија, отфрлено е мислењето дека после педесетата година е готово со сексот. 60% од испитаниците изјавиле дека за подобрување на своите сексуални доживувања користат разни стимуланси, како на премер вијаграта. |