|
Volvo повлекува 82.000 возила |
|
|
|
[03-02-2008 | 23:26 часот] |
Шведскиот авто гигант Volvo во саботата излезе со соопштение дека повикува на сервис 82,000 возила од пазарот. Причината е за ваква интервенција е сериозниот...
... проблем со рѓа кој се јавува кај резервоарот и пумпата за гориво, и кој може да доведе до ненадејно откажување и проблеми со моторот. Гласноговорникот на Volvo - Maria Bohlin, изјави дека проблемот е повоочлив во "кородирачките пазари", односно каде што има многу влага, снег, или сол. Таа додаде дека проблемот не е сигурносен, туку во најлош случај автомобилот застанува и неможе повторно да се стартува. Проблемот е дел од сериите S40 и V50, со пет-цилиндричен бензиски мотор, кои се произведени од 2004 до 2006. Од компанијата одбија да објават колку ќе ги чини овој проблем. "Ford Motor Co" во 1999-тата го презема, односно купи Volvo за 6.45 билиони долари.  |