|
Со високи штикли, до подобар секс |
|
|
|
[04-02-2008 | 23:57 часот] |
Високите штикли ја вежбаат "pelvic floor" мускулната група во која спаѓаат и вагиналната и аналната мускулатура. A со тоа неминовно се подобрува и...
.. сексуалниот живот на жената, тврди Dr Maria Cerruto во статијата објавена на CNN. Таа спровела истражување врз 66 жени на возраст под 50 години. Сите носеле потпетици со минимум 15 степени агол, и кај сите е воочена подобра состојба на "pelvic floor" мускулната група во однос на оние кои носат рамни чевли. Тоа значи дека мускулите се во оптимална позиција во женското тело, и имаат подобрена сила и контракција. "Pelvic floor" мускулната група е од исклучително значење кај жената, и е пресудна во сексуалниот живот и задоволство. Оваа група на мускули ослабнува кај постарите жени и после раѓањето, а за се одржат во форма потребни се одредени вежби. Докторката потврди дека со носењето штикли оваа група на мускули константно останува во форма, во однос на оние кои носат рамни чевли. |