Веројатно не постои човек во светот кој не ужива во бакнувањето. Научниците конечно открија што се случува во телото за време на бакнежот, а тоа го открива и изворот..
... на задоволството што го чувствуваме кога се бакнуваме. Експертите тврдат дека за време на бакнувањето, крвниот притисок се зголемува, а срцето почнува забрзано да работи. Воедно, е зголемено и трошењето на калории - околу 6 калории во една минута. Во текот на бакнувањето нервите кои се наоѓаат на усните и јазикот, забрзано испраќаат сигнали во мозокот каде што поттикнуваат низа реакции. Хормоните во телото почнуваат да реагираат, а мозокот го поттикнува лачењето на ендорфин и окситоцин што всушност го предизвикуваат чувството на задоволство. Во текот на бакнувањето кај човекот се активни дури 34 мускули, на лицето, вратот и главата. Научниците неможат со сигурност да кажат кога луѓето точно почнале да се бакнуваат и зошто, а една теорија истакнува дека бакнежот е последица на инстинктот поради кои настанало и доењето на малите бебиња Еден пар од САД го држи рекордот во најдолго бакнување - цели 32 часа, а најмногу луѓе истовремено се бакнувале на фестивал во Англија - дури 30.000 лица. |