Познатиот плејбој од F1 и шеф на тимот на "Renault", Италијанецот Флавио Бријаторе, во следните два месеца ќе дојде во посета на Македонија. Целта ќе биде да помогне за...
... афирмација на авто-мото спортот пред потенцијалните инвеститори и спонзори и раководните државни структури, со цел овој спорт да добие поголема подршка. Од годинава, Автомобилистичката федерација е самостојна, одвоена од АМСМ, под чија "капа" досега се организираа сите авто-мото трки. Посетата на Бријаторе е дел од стратегијата на новиот претседател на Автомобилистичката федерација - господинот Владимир Лазов (Буцо). Тој на првата седница на УО на Федерацијата вети дека со сигурност Бријаторе ќе дојде, заедно со други познати личности. Бријаторе е човекот што го внесе Фернандо Алонсо во F1 и му беше менаџер при трансферите во Рено и Мекларен. Тој е заслужен што тимот на Бенетон дојде во рацете на француски "Renault" и двапати го имаше светскиот првак во своите редови. Уште попознат е по врските со најубавите манекенки. Годинава во Македонија ќе дојде и Max Mosley, претседателот на FIA. 

 |