Сексуалноста е во ДНК-то Печати Е-меил
[06-06-2006 | 00:07 часот]

 Каква е сексуалната желба, всушност зависи од гените, откри најновата студија на Хебрејскиот универзитет од Ерусалим. Научниците ги испитале ДНК на 148 здрави студенти и студентки и ги споредиле со прашалникот во кој студентите го опишале своето...

... сексуално либидо, степенот на возбуденост и „функционирањето“ во кревет. Тие ја откриле поврзаноста меѓу варијацијата во генот наречен Д4 рецептор и опишаната сексуална желба.

Иако резултатите на студијата упатуваат на тоа дека човечката сексуалност е генетски предодредена, тоа не значи дека на неа не може да се влијае.

Научниците веруваат дека токму врз основа на оваа нова студија може да се развие лек што може да ја промени силината на човечката сексуална желба.