"World Press Photo 2007" (фото) Печати Е-меил
[10-02-2008 | 22:40 часот]
 Фотографијата на исцрпен американски војник во Авганистан, која ја сними Британецот Tim Hetherington во септември 2007-ма, е проглаесена за најдобра...

... фотографија во изминатата година.

Оваа одлука ја донесе жирито на "World Press Photo" во Амстердам, со образложение дека сликата е веродостоен показател за животот на една нација во бункерите на воените зони во  Авганистан.

Претседателот на жирито Gary Knight, потврди дека оваа фотографија е избрана како најдобра помеѓу фотографиите на 5.000 фотографи кои доаѓаат од 125 земји.

Наградата од 10.000 евра официјално ќе му биде врачена на Tim Hetherington на 27-ми април во Амстердам.

Во прилог следи дел од наградените фотки во различни категории.