|
Mazda освои "Grand Prix du Design" |
|
|
|
[11-02-2008 | 22:40 часот] |
Mazda Motor Corporation ја освои заслужената награда за дизајн - "Grand Prix du Design", на 23-тиот интер. фестивал на автомобили во Парис. Ова е втора голема награда за...
... Mazda на интернационалниот фестивал. Во 2006 - Mazda Senku е избрана како најдобро дизајниран, концептен автомобил, додека Mazda Ryuga е наградена со престижната "Louis Vuitton" награда за класичен концепт за 2007-ма. Во изминатите 16 месеци, Mazdа ги претстави своите 5 концепт автомобили базирани на новиот дизајн наречен "Nagare", кој црпи инспирација од движечките сили на природата како што се водата и ветерот. "Festival Automobile International" се одржува секоја година во чест на убавината, дизајнот и уметноста во автомобилската индустрија. Членовите на жирито се од редовите на спортската автомобилска индустрија, архитектурата, модата и дизајнот и уметноста. Меѓу нив се најдоа и архитектот Jean-Michel Wilmotte, Anne Asensio, Alain Prost и Herve Poulain. Победниците од останатите категории, на официјалниот сајт овде ! 
 |