|
Валентајн - дополнителна депресија |
|
|
|
[12-02-2008 | 22:51 часот] |
За лицата кои имаат депресивна природа, St.Valentine е дополнителен товар. Овој ден, на депресивните луѓе влијае како јавно признание за нивното чувство...
... на "не-припаѓање", што уште повеќе им носи негативни чувства, предупредуваат експертите. Луѓето кои патат од депресија најчесто се чувствуваат непривлечно и осамено, а себе си се сметаат за вистинско промашување. "St.Valentine е ден кога таквите негативни емоции можат да бидат потенцирани и да резултираат во повлекување од околината" - изјави професорката Meg Smith од универзитетот во Западен Сиднеј. St.Valentine би требало да биде ден кога ја славиме љубовта, но тоа може да биде болно за оние кои ги изгубиле своите сакани, но и за оние кои никогаш не ја осознале убавината на љубовта, истакнаа експертите. |