|
Љубовта вистински ве ослепува |
|
|
|
[13-02-2008 | 22:33 часот] |
Американските истражувачи открија дека љубовта навистина ве прави слепи кога е во прашање приметувањето на другите луѓе. Во студијата учествувале...
... 120 хетеросексуални студенти кои во тој момент биле во романтична врска. Студентите кои се заљубени помалку ги приметувале другите згодни девојки или мажи, утврди истражувачкиот тим на универзитетот во Los Angeles. На студентите им биле покажувани слики од атрактивни личности од спротивниот пол. Волонтерите, потоа биле замолени да ги одберат најпривлечните фотографии, и да напишат есеј за својот партнер или за лицето од сликата. Студентите кои пишувале за својот партнер, помалку се сеќавале на изгледот на лицата од сликите. "Љубовта која ја чувствувате кон вашиот партнер, прави сите останат и да ви изгледаат помалку привлечно, а тоа чувство влијаае да ги потиснете мислите за другите луѓе од својата глава" - објасни Gian Gonzaga, предводник на истражувањето. |