Алкохолот ќе ви ја побели косата Печати Е-меил
[13-02-2008 | 22:45 часот]
 Новите истражувања покажаа дека луѓето кои често конзумираат алкохол имаат дури 50% повеќе седа коса, отколку луѓето кои не пијат алкохол - открива Thatsfit.com...

Во дерматолошките извештаи е објавено дека конзумирањето на повеќе од три алкохолни пијалаци дневно може да влијаае на вашата коса, а како резултат на тоа е појавата на бели влакна.

Алкохолот го спречува создавањето на матични клетки меланоцит, кои се задолжени за пигментот, и чиј недосаток резултира со појава на седа коса и во младоста.

Добрата вест е дека штетата не е трајна. Ако сега косата почнала да ви белее, намалувањето на алкохолот може да помогне во запирање на процесот, па дури и во обновување на бојата на вашата коса.