Rinspeed - сега и како подморница Печати Е-меил
[14-02-2008 | 22:41 часот]
 Rinspeed изненади со уште еден концепт автомобил. Овој пат се работи за автомобил кој покрај возењето, ќе ви овозможи да го користите и како мини подморница!

 

Идејата потекнува од филмот со James Bond - The Spy Who Loved Me, каде Roger Moore вози автомобил кој потоа го користи и под вода

Сега, речиси 30 години подоцна, швајцарската компанија "Rinspeed" го претвори тоа во реалност  со својот концепт автомобил "sQuba".

"sQuba" ќе биде промовиран на престојниот "Geneva Motor Show" идниот месец, и иако нема да се продава, компанијата откри дека изработката на примерокот ги чинела 750.000 фунти.

"sQuba" има три електрични мотори, од кои два го овозможуваат пловењето под вода.

Од компанијата најавуваат дека овој автомобил не само што е револуционарна креација, туку и дека е целосно "зелено" ориентиран.

Автомобилот има нула-емисија на гасови, а целата површина на автомобилот е направена со заштитен слој од солена вода.