Цигари, виски и жени = долговечност Печати Е-меил
[07-06-2006 | 00:39 часот]
 Најстариот Британски ветеран го прослави својот 110-ти роденден. Писмото од Елизабета II. и прелетот на два борбени авиони на Кралската авијација го одбележаа националното оддавање почит на најстариот воен ветеран. Henry Allingham, кој својата долговечност...

... ја препишува на "цигарите, вискито, и дивите жени", подигна чаша со цеден портокал за да го наздрави својот роденден. Allingham е еден од шесте британци кои ја преживеале првата светска војна, и единствен кој ја преживеал битката кај Jutland.

Покрај писмото од кралицата, принцот Чарлс лично му го честиташе роденденот, а присутни беа и многу министри и членови на Британскиот дом.