Скенирање на "теренот" Печати Е-меил
[14-02-2008 | 22:57 часот]
 Не е тајна дека нашите погледи ги привлекуваат атрактивни лица од спротивниот пол, но истражувањата покажаа дека нашите погледи исто така...

 

... ги привлекуваат и лицата од истиот пол, односно оние кои покажуваат интерес за нашиот партнер.

Научниците од универзитетот во Флорида, открија нешто што никого не го изненадува - човечките погледи се брзо привлечени од атрактивни личности.

Но, со оглед на тоа дека тука се работи за научно истражување, ваквата појава е наречена "адхезија на внимание".

Jon Maner, професор на универзитетот, објасни дека човечкиот мозок е програмиран да лови привлечни личности од спротивнит пол, во потрага за идеален партнер, но исто така истакнува дека на овој начин се воочува и опасноста од потенцијалните конкуренти.

"Од секогаш сум бил изненаден, што љубоморните мажи толку многу обрнуваат внимание на привлечните мажи", изјави Maner.

Професорот заедно со останатите членови на тимот утврдил дека - респодентите во истражувањето во првата пола секунда го фиксираат погледот на привлечните личности, без оглед на нивниот пол.

Така всушност тие ја "скенираат" ситуацијата и нивните "шанси" за привлекување на избраната личност.