Во австриската престолнина на 1-ви март за прв пат во светски рамки ќе биде одржан "Симпозиум против осаменоста". Феноменот на осаменост се појавува...
... во се поголем обем и во различен облик. "Проблемот на осаменост не мора секогаш да се поистовети со самотијата. Заслепеноста од кариерата, тежнењеето кон остварувањето на успех и моќ се типични индивидуални вредности на луѓето, кои патат од осаменост. На таквите луѓе окружувањето не им е важно, и постојано се обидуваат да ги омаловажат другите со цел да се чувствуваат подобро", објаснuva Majda Mozer, иницијаторката на овој симпозиум. Осаменоста е една табу тема на денешницата. Причините за осаменоста не секогаш се наоѓаат во настаните од минатото, како што се трауматски доживувања или недоволно внимание во детството. Првиот чекор за "лечење" од осаменоста е нејзиното препознавање, а времетраењето на терапијата зависи индивидуално. Како важен фактор кој помага во лекувањето е присутноста на многу луѓе во животот на пациентот, со кои тој може да разговара, и да споделува - и среќа, и тага... |