|
Луда младост - инфаркт во старост |
|
|
|
[19-02-2008 | 22:39 часот] |
Луѓето кои во младоста претерано конзумирале алкохол, во касните години имаат сериозно поголема опасност да добијат срцев или мозочен удар, соопштија американските...
... научници во најновата студија. Во истражувањето учествувале 2.800 возрасни лица. Експертите наведуват дека оние кои во младоста многу пиеле, кај нив се развил метаболички синдром. Метаболичкиот синдром се однесува на група ризични фактори за добивање на срцев и мозочен удар, дијабетис, абдоменална гојазност, висок крвен притисок и висок холестерол. Се смета дека луѓето кои имаат повеќе од три од тие имптоми, имаат метаболички синдром. Конзумирањето на алкохолот има влијание врз човечкиот организам во две крајности. Додека прекумерното конзумирање алкохол е екстремно негативно, така умереното конзумирање на алкохол може благотворно да влијае на срцето. "Постојат се поголеми и побројни причини, зошто младите треба крајно внимателно да го конзумираат алкохолот", - упатуваат експертите.  |