Мислите ли дека само жените сонуваат за принц на бел коњ со кој ќе бидат среќни до крајот на животот? Епа... не е тоа така еднострано - и мажите бараат принцези!
Не е важно дали вашиот избраник е дечко од соседството, интелектуалец или уметник. И мажите имаат слични желби и потреби. Веќе не е доволно да се облечете убаво и да "трепкате". Постојат неколку работи кои мажите ги сакаат, и ги очекуваат од вас.
Грижете се за него Тоа не значи дека треба да направите светот да се врти околу него, туку само обидете се да му удоволите на било кој начин. Подгответе го неговото омилено јадење или купете го виното кое најмногу го сака. Кога одите на шопинг, купете му некоја ситница која ќе го изненади. Со овие гестови гарантирано ќе ги поттикнете позитивните вибрации во врската. Праќајте му пораки Сетете се на него, на паузата за ручек, во канцеларијата, на патување... Со тоа што ќе му испратите кратка SMS порака ќе му покажете дека мислите на него, а тоа ќе му биде особено драго. Покажете му дека мислите на него, но не претерувајте за да не постигнете контра ефект. Попуштете му од време на време Мажите сакаат да доминираат и да бидат секогаш во право. Нема да ви падне чинот, доколку му попуштите да се докажува иако знаете дека не е во право. Вашиот партнер треба да се почувствува дека е доминантен и да не ја губи својата машкост во врската со вас. Машко друштво Реченицата "Ќе излезам со другарите" и е позната на секоја жена. Престанете да мислите дека тоа што излегува со пријателите, всушност сака да побегне од вас. На мажите им е потребно машко друштво и разговорите за автомобили, мотори, да пијат пиво или да гледаат фудбалски натпревар. Вашиот партнер ќе ве обожава, ако не приговарате за дружењето со пријателите. |