Дрвен автомобил побрз од Porsche Печати Е-меил
[20-02-2008 | 23:47 часот]
 Британскиот "Daily Mail" денес на своите страници објави статија за првиот дрвен супер автомобил, кој е побрз и од Porsche, и од Lamborghini! Автомобилот со...

 

... својата вкупна тежина е дури 240кг полесен од супер лесниот Porsche - кој е направен од алуминиум и супер лесни легури, наспроти дрвениот кој е направен од јаворово дрво и иверка.

Дрвениот "Splinter" има шест брзини, а за неверојатно време од три секунди може да развие брзина од 0-100 км/ч.

Неговиот 4.6 литарски V8 мотор развива неверојатни 700КС, што е скоро 300КС повеќе од  Porsche 911.

Дизајнерот Joe Harmon изјави - "Дрвото е неверојатен материјал за работа.

Има предност пред алуминиумот, затоа што е лесен за работа и овозможува да бидат применети различни типови на конструкција. Чувството да се направи нешто толку супериорно само од парче дрво е неверојатно“.

4.5 метри долгиот автомобил, има делови кои се изработени од метал, со цел на целата машинерија да и се даде поголема цврстина.

Автомобилот ќе биде промовиран до крајот на оваа година, а од компанијата изјавија дека цената по која ќе биде продаван "Splinter", сеуште не е фиксно утврдена.