|
Љубовта има рок на траење |
|
|
|
[21-02-2008 | 22:47 часот] |
Истражувачите од Националниот универзитет во Мексико тврдат дека секоја "заљубеност" има рок на траење - поточно, дека не може да трае подолго...
... од четири години. Според научниците, почетната заљубеност која е слична на привремено "лудило" е предизвикана од активноста на посебен хемиски состав во нашиот мозок. Во текот на четири години ќе исчезне и најголемата љубов, кога ќе се истрошат резервите на овој хемиски процес. Тогаш страствената љубов ќе се претвори во емоционална и сексуална зависност. Љубовта е опсесија Истражувањето е спроведено на голем број заљубени луѓе, и утврдено е дека љубовта ги има сите карактеристики на опсесивно - компулзивно пореметување. Заљубените луѓе, често патат од недостаток на апетит и несоница и неможат да мислат на ништо друго освен на саканата личност. Само еднаш се сака Освен тоа, научниците откриле и дека во иста личност можеме само еднаш да се заљубиме. Чувствата кои се јавуваат по раскинувањето, се минливи и неможат да се разгорат во голема "нова" љубов. |