Возрасните лица се склони кон калкулирање за тоа кога е пристојно да се смеат, а кога не - па на крајот целосно забораваат да се смеат. Јапонскиот...
... професор Yoji Kimura верува дека смеењето е силно оружје. Професорот одлучил да го измери смеењето, а за таа цел измислил нов апарат, и нова мерна единица за смеењето - 'aH'. "До сега утврдивме дека децата слободно се смеаат, и испуштаат 10 aH-a по секунда, што е речиси два пати повеќе од возрасните" - изјави Kimura. Возрасните лица кои постојано калкулираат дали е во ред да се насмеат, со таквите ограничувања смеењето го сведуваат на минимум, додека децата немаат такви проблеми - тврдат истражувачите. За да се измери смеењето, на испитаниците на кожата на стомакот им биле поставени сензори кои ги проучуваат движењата на мускулите. Ова мерење е толку прецизно, што може да открие дали човекот се смее природно - или со сила.
"Смеењето е како 'restart' функција кај компјутерите. Слободното смеење е важно за насоката на човечката еволуција. Пресвртот од ера на војните, во ера на хуморот и толеранција, според мене е сосема возможен" изјавил Kimura. Според неговата теорија, смеењето е продукт на 4 емоционални фази - ослободување, отстапување од нормите, слободно смеење и неконтролирано смеење. Kimura верува дека со разбирањето на овој процес, можат да се решат и други "медицински" тајни за човечкото битие. |