Се поголем број на луѓе имаат проблем со несоницата. Неодамнешното истражување на "National Sleep Foundation", покажа дека половина од Американците...
... барем повремено имаат потешкотии со спиењето. Само некои од последиците од неспиењето се намалената концентрација, продуктивност и промена на расположението. Но, и за несоницата има лек. Како главен фактор кој влијае на несоницата е неправилната исхрана, недоволната физичка активност, одморот во адекватна околина и сл. Еве неколку проверени совети кои ќе ви помогнат квалитетно да се одморите: Кажете им НЕ на кафето и алкохолот Кафето, како и многу чаеви, чоколада и газирани пијалаци - содржи кофеин. На некои луѓе малата количина на кофеин може да им предизвика проблеми со спиењето дури и по 12 часа од конзумирањето. Пробајте да ги избегнувате пијалоците кои содржат кофеин барем 6 часа пред спиењето. Внимавајте на исхраната Немојте да си легнувате со полн желудник, за на тој начин да го избегнете оптоварувањето на желудникот. Како дополнителен фактор кој може да влијае врз сонот, е и конзумирањето на зачинета храна - која предизвикува грчење на желудникот. Бидете физички активни Редовната физичка активност ќе го подобри квалитетот на вашиот сон. Најдобро е да вежбате попладне, а секако треба да го избегнете вежбањето пред спиење. Истражувањата покажуваат дека вежбањето директно влијае врз подобрувањето на сонот. |