|
Историско најслабо гледани Оскар-и |
|
|
|
[26-02-2008 | 23:16 часот] |
Неделното доделување на Оскар-ите, го следеле најмал број американски ТВ гледачи во историјата на манифестацијата. Јубилејното 80-то издание на...
... доделувањата го гледале околу 32 милиони телевизиски гледачи на мрежата ABC, наспроти 41 милиони од минатогодишното издание. Претходно најслабо гледани Оскари се забележани во 2003, со 33,04 милиони ТВ гледачи. Главна причина е доделувањето кое се поклопи со почетокот на нападите на Ирак. Рекордна гледаност, пак, е забележана во 1998 година, кога свеченоста ја гледале 55,25 милиони луѓе. Таа година е награден филмот "Титаник", кој се уште има рекорден профит во северноамериканските кино сали од 600 милиони долари. Годинешното доделување на Оскарите се одржа по завршувањето на долгиот штрајк на филмските и телевизиски сценаристи, што заврши пред само две недели |