Нејзините НАЈ скриени фантазии Печати Е-меил
[27-02-2008 | 23:07 часот]
 Магазинот "Men's Health", во анкета во која учествувале 10.000 жени, ги сублимираше резултатите и ги објави "женските скриени сексуални фантазии"!

 

Тие покажаа дека желбите кај жените и мажите воопшто не се разликуваат, односно двата пола го посакуваат истото.

Да ја гледате додека мастурбира

Анкетата покажала дека 80% од испитаничките сакаат да мастурбираат пред партнерот, односно сексуално да се стимулираат додека тој ги гледа.

Според психолозите, на тој начин жената покажува што сака од партнерот, и покажува дека чувствува неверојатно привлечно и секси.

Таа сака тој да доминира

66% од испитаничките изјавиле дека им се допаѓа кога партнерот доминира во сексот.

Секс на јавно место

Дури 64% од испитаничките изјавиле дека сакаат да имаат секс на јавно место како што се: ноќен клуб, паркинг, парк или слично...

Стравот дека ќе биде "фатена на дело", кај жените само го поттикнува возбудувањето.

Порно филм во домашна продукција

70% од жените сакаат да снимат порно видео со својот партнер. Во тој контекст, анкетираните изјавиле и дека сакаат да гледаат порно филмови со своите партнери.

3-та личност во креветот

25% од жените тајно си замислуваат како би било - кога во креветот би имало и "трета" личност. Испитаничките потврдиле дека во сексуалниот чин со својот пратнер, би сакале да им се придружи уште една дама.