Можеби не сте свесни дека музиката која ја слушате додека возите, исклучително влијае на брзината или стилот на вашето возење. - објави "Daily Mail", поттикнат од...
... најновите Британски истражувања. Истражувањата на Британскиот оддел за транспорт доведоа до заклучок дека деконцентрацијата на возачот е причина за 12% од несреќите кои се случуваат, како и за 19% од фаталните сообраќајни несреќи. Според студијата, најчесто девојките се тие кои се отсутни за време на возењето. Музиката, по правило им пречи на возачите. Не се работи само за менувањето на радио станиците, уклучувањето на iPod-от или избирањето на песни. Проблемот најчесто е во прегласната музика. Затоа, неопходно е да знаете дека гласната и динамична музика, автоматски ги поттикнува возачите да возат побрзо и го зголемуваат ризикот за сообраќајни несреќи. Според резултатите од истражувањето, возачите кои слушаат брза музика имаат два пати повеќе автомобилски несреќи, за разлика од оние кои слушаат поспора музика. Овие возачи, почесто поминуваат на црвено светло и возат пребрзо. Секако, неопходно е, и покрај темпото на музиката - на ум да ја имате и јачината на звукот. На луѓето им е потребно 20% повеќе време да ги направат физичките и менталните операции ако слушаат гласна музика. Со ваквото задоцнување на реакциите, резултатите може да бидат погубни за возачот.
Музика која може да ја слушате во автомобил: Gary Jules - “Mad World” Lemar - “Another Day” Sugababes - “Too lost in you”
Музика која сепак, треба да ја слушате само по дома: Wagner - “The Ride of the Valkyries” Prodigy - “Firestarter” Basement Jaxx - “Red Alert” |