И тоа може - Ferrari фалсификат! Печати Е-меил
[29-02-2008 | 22:32 часот]
 За сите оние кои немаат доволно средства за да си купат оригинално Ferrari, на Сицилија постои можност да си набават соодветен фалсификат. Reuters..

.

... објави дека на Сицилија може да се најдат копии на оригинален Ferrari, толку едноставно како да барате копија на Gucci ташна или Rolex часовник.

Полицијата обвини 15 лица, кои учествувале во нелегалната продажба, иако клиентите биле свесни дека купуваат фалсификати.

Автомеханичарите спојувале делови кои биле специјално дизајнирани за оваа намена, а во крајната верзија на автомобилите вметнувале и по неколку оригинални компоненти од овој бренд на автомобили.

Цената на овие автомобили изнесува до 20.000 евра, што е од прилика една десеттина од вредноста на оригиналните модели на Ferrari.

Полицијата конфискувала 21 автомобил, од кои 14 веќе биле продадени, а 7 биле во процес на изработка во сицилиските магацини.