Мажите повеќе ги сакаат плавушите, а сепак се женат со бринети. Западното друштво наметна идеал за совршената секси жена која има плава коса, сини...
... очи и манекенска градба. Веројатно сте налетале на машки разговор, во кој едниот ја опишува девојката која ја запознал, нагласувајќи дека е плавуша, со толкава важност како дотичната да има најмалку три докторати по нуклеарна физика. Сите во животот имале "своја" плавуша на која и завидувале. Најчесто девојките со плава коса полесно проаѓале во школо, професорите повеќе ги сакале, и сите деца се бореле за нивната наклонетост. Постојат разни стереотипи и вицови за плавуши, додека бринетите и црнките важат како попаметни, посилни и поверни од плавушите. Плавушите се за забава, а бринетите за брак. Едно истражување покажа дека жените за пријателки ги бираат жените со темна коса, а работодавците почесто запослуваат бринети. Секогаш можете да ја офарбате вашата коса, и да откриете дали зад овие митови стои вистина. Ако ништо друго, барем ќе се забавувате како плавуша, бидејќи докажано е правилото дека плавушите - подобро се забавуваат! |