Постојат одредени теми за кои едноставно не треба да зборувате кога сте на првиот состанок. И мажите и жените не ги сакаат, и пожелно е да ги избегнувате...
Поранешните љубовни врски Не е баш пријатно да слушате колку некој бил згоден, успешен и паметен. Ако зборувате за поранешниот партнер, тоа може да изгледа дека сеуште не сте го заборавиле и дека сеуште мислите на него/неа. По секоја цена избегнувајте ја оваа тема, затоа што во најголем процент - негативно ќе делува на вашиот соговорник.
Не зборувајте како сте биле оставени Немојте никогаш да го потенцирате тоа дека сте биле оставени. Иако искреноста е убава особина, некои работи е најдобро да ги премолчите и да ги задржите за себе. Другата страна можеби ќе се прашува зошто сте биле оставени, и ќе проба во вас да ги најде причините.
Песимистични и самодеструктивни изјави Потрудете се да бидете весели и оптимистични. Никогаш не раскажувајте тажни приказни и не сожалувајте се пред потенцијалниот партнер. Немојте да дозволувате да ве види емотивно слаби на почетокот на врската, за да не го искористи тоа во сопствена корист.
Не поставувајте премногу прашања Треба да делувате заинтересирано, но не да претерувате со прашања. Не сте во улога на инспектор, туку на состанок. Не мора да се форсирате да зборувате цело време. И некоја минута тишина... може да создаде романтични моменти. |