Оргазмот го лечи и духот и телото Печати Е-меил
[04-03-2008 | 23:32 часот]
 Сексуалната апстиненција повеќе не е во мода. Се почесто се говори за тоа дека редовниот сексуален живот е одличен за здравјето и подмладувањето. Сексот ги...

 

... чува и го прави посилен мускулот на срцето. Многу истражувања покажуваат дека мажите кои имаат редовен сексуален живот, имаат поздрав кардиоваскуларен систем.

За нив сексот делува како еден вид медитација, односно го оздравува целото тело и ја подобрува функцијата на сите мускули.

Мажите кои имаат редови сексуални односи живеат подолго, а редовниот секс кај жените го намалува ризикот од рак на дојка.

Луѓето кои често водат љубов, во организмот имаат повќе антитела кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, и затоа поретко заболуваат од настинки, за разлика од оние кои се воздржуваат од секс.

Сексот подобро дејствува од било кој аналгетик.

За тоа е заслужен хормонот окситоцин кој во организмот го има пет пати повеќе за време на оргазмот.

Овој хормон ја контролира температурата на телото, крвниот притисок, ги намалува болките и влијае за брзо заздравување на раните.

Освен оргазмот, на здравјето позитивно влијае и гушкањето, мазењето и милувањето.

Нашето тело се состои од милиони сетилни рецептори со чие што дразнење се испуштаат хормоните пролактин и ендорфин - кои ја намалуваат агресивноста и стресот.

Затоа.... сакајте се нежно!