Дали навистина ве сака? Печати Е-меил
[04-03-2008 | 23:40 часот]
 Се прашувате дали вашиот партнер навистина ве сака? Не сте сигурни како да ги прочитате знаците кои ви ги праќа? Верувале или не, постојат одредени...

 

... гестови и знаци кои покажуваат дека вашиот партнер вистински ве сака, и кога еднаш ќе успеете да ги препознаете, вашиот живот ќе биде многу полесен - пишува Ezinearticles.com

Ви го кажува тоа често

Мажите кои се лудо вљубени во некоја жена, имаат потреба тоа да го кажат отворено. И покрај тоа што за многу мажи изговарањето на тие два збора - не е воопшто лесно.

Често ви се јавува

Ако ви се јавува често и кога не сте разделени, тоа е сигурен знак дека е заљубен во вас. Ако ви праќа пораки или мејлови додека сте на патување или на работа, тоа е знак дека навистина му недостигате.

Ги слуша вашите проблеми

Мажот кој никогаш не се распрашува за вашиот живот, веројатно нема силни чувства за вас. Ако е спремен да ги напушти сите свои обврски и да ве слуша со саати, можете да бидете сигурни дека целосно ве обожава.

Памти се што сакате

Кога мажот се грижи за некого и му е важно, ќе се потруди да го запамти секој детал, од ресторанот кој го сакате до книгата која ја читате. Така, во секоја пригода ќе знае како да ве изненади и ќе го погоди она што го сакате.

Ги дели со вас сите стравови и желби

Мажот кој ве сака вистински, отворено ќе ги сподели сите свои стравови и сонови. Ако е премногу затворен и не ви се доверува, тоа можеби значи дека не сака да ја споделува со вас својата интима, или не е доволно заинтересиран.