Сексипилните близначки во Playboy Печати Е-меил
[04-03-2008 | 23:57 часот]
 Сопственикот на царството на Playboy - Hugh Hefner, се надева дека холивудските близначки Мери Кејт и Ешли Олсен наскоро ќе позираат за неговиот магазин...

 

Откако близначките веќе еднаш го одбија Hefner, кој им го понуди истиот ангажман веднаш по нивното прославување на полнолетството, сега - 2 години подоцна, тој се надева дека упорноста конечно ќе се исплати.

Hefner очекува дека сестрите кои во јуни ќе наполнат 22 години, ќе ја прифатат неговата покана да се сликаат за јунското издание на "Playboy".

"Hugh е уверен дека сексипилните близначки се сон на секој маж, но е свесен дека нема лесно да ги убеди да позираат за магазинот" - откри неименуван извор за американските медиуми.

Од друга страна, извор близок до сестрите Olsen за медиумите изјави дека сонот на Hugh Hefner, сепак ќе остане негова фантазија.