"Папучарите" добиваат повеќе секс Печати Е-меил
[06-03-2008 | 23:39 часот]
 Иако американските мажи и понатаму одбиваат да учествуваат во домашните работи и рижата за децата, сепак не се толкави мрзи како што изгледа.

 

Просечниот американски татко се почесто се вклучува во извршувањето на домашни активности, се со цел да добие повеќе секс, покажаа резултатите од најновите психолошки истражувања.

Едно од истражувањата покажало дека ангажираноста на мажите во домашните работи е за два пати поголемо во последните 40 години, а дури три пати повеќе време татковците поминуваат со своите деца.

"Ако сопругот и помага на својата жена, тоа за неа значи дека нејзиниот сопруг се грижи за неа, и не ја третира како слугинка", изјави Joshua Coleman, психолог од Сан Франциско.

Истражувањата покажаа дека мажите почесто се вклучени во домашните работи, доколку жената е презафатена со професионалните обврски и градење на својата кариера.

За возврат, жените се повеќе расположени за секс, и се чувствуваат сакано и важно во животите на своите сопрузи.