Анорексија и кај возрасните Печати Е-меил
[12-03-2008 | 23:15 часот]
 Анорексијата е болест која најчесто се поврзува со тинејџерите и девојките кои се соочуваат со култот на неизбежно тенка фигура. Но во последно време е се..

 

... поголем бројот на жените помеѓу 40 и 50 години кои се соочуваат со проблеми во исхраната и перцепцијата за сопствената убавина.

Причината повторно лежи во имиџот на славните жени како што се Madonna или Sharon Stone, чии гламурозен изглед испраќа сигнали дека и средовечните жени треба и би можеле така да изгледаат.

Медицинските експерти од институтот "British Dietetic Association" откриваат дека во последните неколку години, дури 10% од пациентите со пореметување во исхраната ги сочинуваат жени постари од 40 години.

"Потрагата по совршенство и желбата за изглед како познатите личности, кај жените предизвикува чувство на помала вредност.

Затоа е присутен притисокот за одржување на "младалачкиот" изглед, и тоа што е неприродно за одредена возраст станува посакуван тренд", изјави оснивачот на центарот за помош на луѓе со пореметувања во исхраната - Deanne Jade.