Само неколку дена по премиерата на Rolls-Royce Phantom Coupe на Саемот во Женева, сите примероци се веќе продадени! Дури и пред објавување на...
... официјалната цена, сите 200 најавени примероци го најдоа патот до своите идни сопственици. Барем на хартија, затоа што сите оние кои го резервираа автомобилот, ќе го добијат дури на пролет следната година. Колку за потсетување... се работи за ултра луксузен автомобил кој чини околу половина милион евра! ако што стојат работите, Rolls Royce има добра причина да верива дека ќе има голем пораст на продажбата. Ако настави со ова темпо, после минатогодишното пробивање на границата од 1000 продадени примероци, оваа година брзо ќе ја дуплира бројката. Ултра луксузното купе на Rolls-Royce е напојувано од V-12, 6.75 литарски мотор кој развива 453КС. Моторот му дозволува на ова тешко возило да постигне неверојатно забрзување од 0-100km/h за само 5.6 seconds, а максималната ограничена брзина изнесува 250km/h. 

 |