Со средно - пократко се живее Печати Е-меил
[13-03-2008 | 23:15 часот]
 Вложувајте во своето образование, и подолго ќе живеете! Најновите сознанија од медицинскиот факултет на Харвард, покажаа дека луѓето кои имаат повеќе...

 

... од 12 години образование зад себе, имаат подолг живот од оние кои застанале на средното училиште.

Истражувањето го спровеле Cutler и Ellen Meara - асистенти на Харвард универзитетот.

"Во последните години многу внимание се посветува на факторите како што се социјалниот статус, а помалку внимание се посветува на влијанието на образованието",  истакнуваат истражувачите кои проучувале две генерации на луѓе.

И кај испитаниците од двете генерации (поделени во две групи), утврдено е дека животот им бил поквалитетен и подолг на оние кои имале повеќе од 12 години образование.

Истражувањето покажало дека жените поминуваат полошо од мажите.

Помалку образованите жени, без оглед на која раса припаѓаат, живееле полошо, покажувале знаци на пропаѓање и стареење.

Луѓето кои се образувале до 25-та година од животот, можат да очекуваат дека ќе живеат до 82, а оние кои не се образувале само до 75 години.

Интересен е податокот дека пообразуваните луѓе почесто престануваат да пушат, а со тоа се заштитуваат и од карцином на белите дробови, и од проблемите со дишењето.