"Chanel" - секси и модерен мобилен Печати Е-меил
[17-03-2008 | 22:50 часот]
 На пазарот пристига нов фенси мобилен телефон, овој пат од модната куќа "Chanel", и се подразбира - наменет за понежниот пол. Станува збор за "телефон кој...

 

... не личи на телефон" - како што го објасни дизајнерот Fred de Garile.

"Сакав да направам телефон за жени, а кој нема да биде розев. Успеав во тоа, така што креирав мобилен телефон кој повеќе личи на кутија за шминки", изјави дизајнерот, кој ги креираше спектакуларните USB-стикчиња за "Louis Vuitton".

Кога е затворен телефонот, личи на табла чоколадо, а така и се вика - "Chanel Choco Phone".

Телефонот се отвара на лизгање, а благодарение на оптичките микровлакна стаклената површина се осветлува и пружа полна функционалност - многу подобра од оние телефони со голем екран.

Моделот е планиран во црна, сребрена и златна варијанта, а ценaта сеуште не е позната.