|
Halle Berry роди девојче |
|
|
|
[17-03-2008 | 23:35 часот] |
Популарната James Bond девојка - Halle Berry, во неделата во болницата Cedars-Sinai во Лос Анџелес роди девојче. По двата неуспешни брака, ова е прво дете на...
... 41 годишната актерка, а татко на девојчето е нејзиниот 32 годишен дечко - Gabriel Aubry. Откако се запознале на фотосесија за Versace во 2005-та, тие се заедно но не се во брак. Актерката неодамна изјави дека со Gabriel не планира да стапи во брак, бидејќи и вака "целосно се предадени еден на друг". Halle Berry и нејзината љубов - француско/канадскиот модел Gabriel Aubry, сеуште се немаат одлучено за името на новороденото девојче. 
|