Филмот 10,000 B.C, изминатата недела беше прв на американската "Box office" листа. Проектот на режисерот Roland Emmerich, чии дела се мега хитовите...
... The Day After Tomorrow, Independence Day и Godzilla, повторно се нафати на сличен проект, но овој пат дејството е сместено 10.000 години пред нашата ера.
Германскиот режисер кој работи во Холивуд, уште еднаш потврди дека за добар филм потребна е добра и интересна приказна.
Дејството на "10,000 B.C" почнува со изолираното планинско племе на младиот D'Leh (Steven Strait), кој ја пронашол страста на своето срце - убавата Evolet (Camilla Belle.
Но, кога неа ќе ја киднапираат мистериозни војници и ќе го ограбат неговото село, тој со мала група ловци тргнува да ја спаси.
Тие откриваат дека постојат и други непознати цивилизации што се многу понапредни, а со секоја средба собираат нова група ловци што сакаат да се борат против мистериозните напаѓачи.
Младата дружина прераснала во вистинска армија, а по патот се соочуваат и со предисториски предатори.
На крајот од своето херојско патување откриваат уште една цивилизација и незамисливо царство во кое величествени пирамиди го допираат небото.