Оваа сабота во МКЦ во организација на Digital Dance е закажана супер транс журка со светските имиња Raja Ram и Dj Lucas...
Raja Ram е на музичката сцена веќе 40 години. Роден е во Мелбурн, Австралија, која ја напушта во 50-тите години за да се приклучи на хипи движењето во Англија. Повторно се враќа за да студира на Мелбурнскиот конзерваториум, а потоа во 1965 оди во New York каде што студира џез техники на импровизација. Го оформува psychedelic jazz rock бендот Quintessence во 60-тите. Со нив издава 5 албуми и одржува на 400 концерти. Подоцна во 80-тите го оформува psy trance проектот The Infinity Project заедно со Graham Wood а подоцна заедно ја оформуваат една од првите и најголеми psytrance издавачки куќи TIP Records(денес позната како TIP World). Иако има 75 години тој е константно активен: постојано на турнеи, снима по студија или пак настапува во живо или како DJ. Dj Lucas, започнува во доцните 80-ти како scratch mix hip-hop/electro/funk DJ, веќе во раните 90-ти редовно настапува во легендарните англиски клубови како Club Uk, The End и Heaven. За TIP World ја издава компилацијата Reafer Madness која доживува огромен успех. Lucas e технички добро поткован DJ со интелигентна и совршена техника на миксање, кој достојно ги претставува TIP World и 10 Kilo’s насекаде низ светот. Картите на врата ќе чинат 500 денари.  |