Легендарниот режисер George Lucas ја најави анимираната верзија на филмот Star Wars: "The Clone Wars". Тој на "ShoWest" во Лос Анџелес изјави дека ќе ги искористи...
... сите предности на анимацијата, за да креира неповторливо доживување.
Покрај филмот, ќе следува и истоимена серија на каналите Cartoon Network и TNT channels.
Со новиот проект на големото платно и на малите екрани, ќе се врати и ликот на Анакин Скајвокер, во цртано издание. - изјави George Lucas, кој вели дека нема проблем со создавање нови ѕвездени приказни дека тие му доаѓаат сами од себе.
Новото издание ќе се најде во американските кина на 15 август.
Во прилог следи официјалниот трејлер на Star Wars: "The Clone Wars".