Samsung ги помести границите Печати Е-меил
[21-03-2008 | 00:08 часот]
 Samsung повторно ги поместува границите во фото мобилната технологија. Тие ја промовираа "мобилната" камера со највисока резулуција во светот. Малиот...

 

... модул со досега најмали димензии од 28mm x 15,3mm x 8,5mm е наменет за мобилните (и слични) апарати, и сега има резолуција од 8МП.

Осетливоста на сензорот изнесува ISO 1.600, а вградена е технологија за препознавање на лица и насмевки, anti-blur и технологија за отстранување на шум.

Фокалната должина на леќата ќе биде фиксни 30 mm, а минималната далечина за успешно фокусирање е само 1 cm.

Првите примероци ќе бидат испретени во производство во текот на месец мај, а производите со оваа камера на пазарот ќе се појават во втората половина на оваа година.