Најглупите британски закони Печати Е-меил
[22-03-2008 | 00:14 часот]
 Jack Straw, секретар во Министерството за правда во Велика Британија, посочи 328 застарени закони за кои ќе се дискутира во Домот на лордовите. Законите се...

 

... толку стари, што денеска повеќе личат на вицеви одколку на закони, но сепак тие на хартија сеуште се правосилни.

На пример... законот од 18-ти век им забранува на слугите да ги ограбат своите господари, друг закон од истиот период забранува неносење чорапи во присуство на Кралицата.

Според законот од 1837 на жената и е дозволено да го гризне за нос мажот кој се обидел на сила да ја бакне.

Илегално е, исто така, да се умре во Парламентот, но не е познато каква казна следува за таквиот "прекршок".

Закон од 17-ти век забранува да јадете пита од мелено месо за Божиќ.

Потоа законот кој им забранува на Велшанците да влезат во градот Честер пред изгревот на сонцето и останување во него по заоѓањето.

Граѓаните на Лондон го кршат законот доколку имаат свињарник надвор од своите домови.

Моторџијата, кој мора да мокри, може тоа да го направи во јавност, но само ако "цели" на задното тркало, а десната рака ја стави на својот мотор.

Законот од 1797 година забранува носење на високи шапки.

И на крајот, Британците мораат многу добро да размислат пред да стават писмо во поштенското сандаче.

Би можеле да ја изгубат главата ако поштенската марка со ликот на британскиот владар е залепена наопаку.

Уште еден пример за најглупите закони во светот, овде

 
 
 
Jungle TV