Drum'n'Brass Trio оваа среда во Retox Печати Е-меил
[24-03-2008 | 00:43 часот]
 Drum'n'Brass Trio е обид да се избега од концептот на класичен диск џокејски настап и да се направи нешто повозбудливо...

 

...за клупската публика.

Ова необично трио претставува комбинација на диџеј сет со тромбонист и саксофонист кои свират во живо.

Проектот ги обединува македонскиот продуцент, ремиксер, музички новинар и диџеј Емил Хаџи-Панзов и двајца од најдобрите џез музичари од помладата генерација, Васко Бојаџиски и Владан Дробицки.

Нивниот заеднички настап е фузија на џез, фанк, реге, драменбејс и уште дузина музички влијанија, спој што е подеднакво интересен за клупската публика која сака да игра до изнемоштеност, како и за критички настроените слушатели кои бараат малку поголем музички предизвик.

Заедничка карактеристика на тројцата членови на Drum’n'Brass Trio е отвореноста кон различни музички жанрови и способноста да ги придобијат симпатиите дури и на најпребирливата публика.

Емил Хаџи-Панзов продуцира електронска музика под името Tripnotic и настапува како диџеј скоро две децении, а неговите авторски композиции и ремикси се објавени за десетина издавачки куќи во светот, меѓу кои Warner Bros, Instinct Records и Recycle.

Васко Бојаџиски и Владан Дробицки се исто толку долго активни на македонската сцена со повеќе музички проекти, а членуваат во својата матична група Sethstat од нејзиното основање.