Од мобилен - во микроскоп Печати Е-меил
[25-03-2008 | 22:01 часот]
 Мудрите глави од универзитетот "Berkeley" во Калифорнија, осмислија начин со кој можат да им ја олеснат работата на разните CSI активисти и...

 

... научници. Станува збор за додаток кој мобилниот телефон го претвора во микроскоп.

Кога додатокот ќе го наместите на камерата на мобилниот телефон, ви овозможува сликата да ја зголемите и до 60 пати, и овозможува идентификација на малигни клетки, маларија или останати паразити.

Потоа резултатот т.е фотографијата од својата истрага, едноставно можете да ја зачувате или да ја испратите преку меил или MMS, директно од телефонот.

Додатниот "CellScope" би требало да има исклучително ниска цена од 50-тина евра.